Поради врнежните кои ја зафатија Битола синоќа за еден час беше одложен стартот на најдолгата трка на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, а најподготвените и најхрабрите, топ улрамаратонци, во 23 часот ја започнаа трката долга 104 километри, од платото пред Офицерски дом, на Широк Сокак во Битола.Стартот на трката на 104 километри го означи директорот на трката Ненад Лазиќ, кој обраќајки им се натпреварувачите рече:
-Тука пред нас се најхабрите кои ноќва ќе истрчаа дел од трката, а стартот е тука од Битола. Тука ги имаме топ светските тркачи, кои како гледате се подготвени за тргнат во непознато кое ќе трае 104 километри нив нашиот Пелистер. На сите натпреварувачи кои ги имаме тука има посакувам среќа, убава трка и сите безбедно да ористигнат на целта во Нижеполе. Истито им го посакувам и на останатите кои ќе стартуваат во 6 часот кај “Молика“ и во 7 од Нижеполе.
На трката од 104 колиметри стартуваа и двајца битолчани, а тоа се Саша Грбиќ и Матрин Митревски, кои како рекоа се наожаат пред нов голем предизвик, но подготвени се за оваа ултра тешека трка, но тие како домаќини имаат предност што добро ја познааат патеката по која ги правеа и долгите подтотовки.
Големо внимание кај битолчани кои беа на стартот кај Офицерски привлекоа сите натпреварувачи, на кои им честитаа за храброста и подготвеноста да се впуштат во оваа авантура.
Првите натпреварувачи од најдолгата трка од 104 километри на Нижеполе се очекуваат попладнево, како и останатите тркачи, а сите се следени по “џи-пи-ес“ сигнал.
За сите трки има ограничување на траење на трката, а за најдолгата е 27 часа, секако под одредено услови, а еден од нив е пријавување на окрепителните станици кои го низ Пелистер.
Текст и фото: С. Ристевски