Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс. На средбата на која присуствуваше и почесниот унгарски конзул во Битола Сашо Јанакиевски.Се разговараше за повеќе важни проекти кои треба да се реализираат во општина Битола, меѓу кои и изградбата на пречистителна станица, проекти за подобрување на квалитетот на животната средина, како и можностите за зајакнување на соработката помеѓу Битола и градовите во Унгарија, во повеќе области, меѓу кои економскиот развој, спортот и културата. Во насока на понатамошно заедничко делување, на денешната средба се разговараше и за започнување на постапка за збратимување на Битола со град од Унгарија.

Коњановски оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Алексовски: тркачите на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ низ Пелистер беа “послужени“ со 300 килограми храна и 1.000 литри вода
- Денес на “Бит фест“, претставата “Кротење на фуријата“ на “Битола Шекспир фестивал“
- ЈКП “Водовод“ Битола: поради дефект со прекинато водоснабдување во населбата “Недопирливи“
- Музиката на Клод Болинг синоќа во Офицерски дом во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена локална облачност