Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола м-р Бојан Стефановски оствари средба со универзитетскиот професор д-р Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет од Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.
На оваа средба почитуваниот професор подари негова стручна универзитетска литература од областа на безбедноста и меѓународните односи како дел од акцијата која ја спроведува на целата територија во државата на сите поголеми библиотеки низ градовите.
На средбата се разговараше за потребите од стручна литература во универзитетските библиотеки со цел нивна поголема достапност до идните истражувачи.