Оваа 2022 година, летото во Македонија (и на северната хемисфера) ќе започне денес (вторник), 21 јуни 2022 година во 11 часот и 13 минути, а ќе заврши на 23 септември, во три часот и три минути. Ова лето ќе трае 93 дена, 15 часа и 49 минути.
Утрешниот ден ќе биде најдолгиот во годината (летен солстициум), а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. Така, Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денот ќе трае цели 15 часа и 14 минути, а ноќта само 8 часа и 46 минути. Веќе од среда (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути.
Истиот ден, во исто време, за жителите на јужната хемисфера започнува зимата.