Press "Enter" to skip to content

Од филмско сценарио до реалност, искуство на пациентка која се породи во вода во “Плодност“ (видео)

-Гледав филм и ми изгледаше многу лесно и многу сакав да го искусам тоа искуство. Малку се исплашив, тешко ми беше, ама на крај, кога го видов бебето, се ми помина, ништо не ме болеше. Кога го видов главчето дека излезе, си го зедов во рацете и пресреќна бев, заборавив на се. Преубаво искуство, со многу голема љубов и многу емотивна бев, многу голема емоција почувствував, рече нашата пациентка Лилјана Крстаноска Перовски, која денес напладне го донесе на свет своето второ дете, Никифор, со породување во вода.

На среќата во семејството и нема крај, бидејќи сопругот на Лилјана денес слави роденден, а најголемиот роденденски подарок е синот Никифор. По ќерката Никита, чие име означува победа и која исто така е родена во болница “Плодност“, на свет дојде и Никифор, име кое значи победоносец.

Лилјана испрати бескрајна благодарност до персоналот на болница “Плодност“, особено на медицинскиот тим предводен од д-р Кристинка Пајаковска, кои безрезервно и дадоа поддршка и помош при постапката на породување во вода. Сега, вели таа, и претстојат часови на гушкање со малиот Никифор, кој мирно си спиеше до својата мајка.

Среќата има едно име – болница “Плодност“, Битола.

(Видео материјалите се објавени со согласност на пациентката)

More from КомерцијаMore posts in Комерција »