Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад на “Дебарска“ и пронајдена стара артилериска граната

На 20.06.2022 во СВР Битола, М.М. од Битола пријавил дека на ул. “Дебарска“ во Битола бил физички нападнат со остар предмет од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2022 во СВР Битола било пријавено дека во дворно место на ул. “Митрополитска“, во старата касарна во Битола, била пронајдена една неексплодирана артилериска граната од 75 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »