Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 894 тестови, а регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 8.
Регистрирани сe 42 оздравени пациенти, нема од Битола.
До сега во Битола има 15.753 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 28 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 28 и преку “Плодност“ 11.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.