Press "Enter" to skip to content

Изложба на Весна Дрогришка, в сабота, во Офицерски дом

Од самиот почеток со работа на компанија “Кромберг и Шуберт“, главен фокус секогаш им се вработените, покрај тоа што се грижат за нив во текот на работата, искрено се трудат да ги следат и да ги поттикнуваат сите нивни дополнителни активност, надвор од работа кои вредат за почит.

Таков е и овој случај со вработента, Весна Дрогришка, на која компанијата и помага во организацијата на нејзината прва самостојна изложба, каде ќе биде претставен дел од нејзината колекција на слики изработени во акрилна техника на дрво и платно. На изложбата ќе биде изложен дел од нејзиното годишно творештво во областа на ликовната уметност.

Изложбата ќе се одржи на 25 jуни во 19:30 часот во просториите на Офицерски Дом – Битола и ќе биде од изложбено-продажен карактер.

More from КултураMore posts in Култура »