Билјард играчите од Битола играа на промотивниот турнир во дисциплина “9-ка“, кој се одржа во клубот “The First“ во Струмица. Турнирот предизвика големо внимание кај љубители на билјартот не само во Струмица, а присутните уживаа во добри потезии, навиваа и ги наградуваа со аплауз, без притоа да фаворизира некого.
На овој турнир, според Горан Думевски -Панчо, имало вкупно 28 играчи, односно најдобрите играчи од Македонија, а играа по системот на двојна елиминација, односно, дозволен е еден пораз.
-Биљард играчите од Битола се претставија како квалитетни играчи, а тоа го докажаа со искажување на пиедесталот на тројца играчи. Илче Трајковски од Битола, играше одлично во првиот ден од турнирот, но мораше да се задоволи со третото место. Втор беше Дејан Сипкоски од Скопје, играч со најголеми успеси во Македонија, но во финалето налета на Христо Василевски од Битола, кој со перфектни шест чисти победи издоминира на турнирот, вели Горан Думевски -Панчо, кој за Василевски додава:-Според она што можеше да се види на овој турнир од него можеме слободно да констатираме, а секако кога би направиле споредба со се она што се случува во светот дека е на вистинскиот пат. Неговиот пристап кон играта во поглед на користење на услуги од еден од најдобрите европски тренери, Тот, секојдневните тренинзи, смиреноста кога не е на маса, обмислувањето на играта, изборот на удари… Сето тоа укажува дека неговата доминација на македонската билјардска сцена е на повидок и повеќе од извесна.
Организаторот на турнирот обезбеди богат награден фонд и најави нов турнир за наесен со награден фонд досега најголем кај нас, а овој турнир докаже уште еднаш дека билјардската еуфорија владее. Во летно време кога официјално сезоната е на пауза, голем број играчи и публика го потврдија тоа. Но, секако заслиги за одличниот турнир имаат сопственикот на “The First“ во Струмица, Иван, менаџерот Александар, љубезниот персонал и секако најзаслужните, големите ентузијасти и билјард играчи од Мики Тодоров и Марјан Стоилов кој беа и водители на турнирот.