ФК Јени Маале од Битола со традиционалната забава, која последните години се одржува во ресторанот “Вила Виста“, ја заокружи натпреварувачката 2021/2022 година во натпреварувањето организирано од страна на ОФС Битола, а во рамките на една од натпреварувачките лиги предвидени според пропозициите и натпреварувачкиот календар на ФФМ. Самата манифестација ја задржа традицијата на избор и прогласување на најдобрите поединци од редовите на фудбалскиот клуб во изминатата сезона, а во исто време и оддавање на скромни благодарници на пријателите и помагателите на фудбалскиот клуб. Во говорот што го одржа капитенот на екипата – Никола Пискачев, покрај “освежувањето“ на спомените за тоа како досега течеле натпреварувачките сезони, притоа сеќавајќи се на најголемите подеми и падови, истиот не заборави да спомне дека клубот онаму каде што е денес, е благодарение на големиот круг на пријатели и помагатели на неговото севкупно егрзистирање.
Така, во името на целиот клуб, капитенот заедно со претседателот на Благој Делев, им доделија благодарници.
Пријатели на клубот на кои ФК Јени Мале и искажа посебна благодарност се “Форматика“ – Златко Филиповски, Николче Јошка Симоновски, “Реприм“, “Bitolanews“ и Синдикат на РЕК Битола – Менде Фидановски и ресторанот “Вила Виста“.
На забавата и на доделувањето на благодарниците оправдано беа отсутни одредени долгогодишни помагатели и пријатели на клубот, но истите добија свое место на забавата, а и благодарници кои дополнително ќе им бидат доставени. Станува збор за Горан Лукач и “Г дизајн“ – Горан Талевски.
Посебна благодарност клубот му изрази на Митко Стојковски – легендата на македонскиот фудбал, кој што воедно е и член на УО на клубот и кој што од неговото формирање, па до денес, го помага клубот на разлилни начини и форми, со што сионо придонесува Јени Маале да опстои и да ја остватува својата примарна цел – мобилизација на младите луѓе од населбата да се занимаваат со спорт и да водат здрав живот.
Покрај благодарници за пријателите и помагателите, клубот избра и најдобри играчи на следниве позиции, најдобар голман – Александар Радевски, најдобар одбранбен играч – Христијан Ристевски, најдобар среден играч – Владимир Крстевски, најдобар стрелец – Александар Митревски, најдобар напаѓач – Хајдин Мустафаи и за најдобар дебитант Михајло Вангелов.
Посебно признание за најпожртвуван играч доби Антонио Бошевски, а Андреј Лозановски доби признание за најлојален играч на Јени Маале, награда која се доделува по првпат, а која со својот пристап, посветеност и интересот што го покажува кон самиот клуб, несомнено дека ја заслужи. Како и сите години досега, така и оваа година, наградата МВП заврши во рацете на капитенот Никола Пискачев. Клубот нему дополнително му се заблагодари со еден скромен подарок.
После завршувањето на официјалниот дел и доделувањето на наградите и признанијата, забавата продолжи со музички наатап на групата “Џокер бен“.
Дополнително, свој придонес за доброто расположение имаа и естрадните ѕвезди Николче Јошка Симоновски и Ламбе Алабаковски.

На традиционалната забава ФК Јени Маале ги додели признанијата и благодарниците (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- До пристапност со универзален дизајн: МОБИЛНОСТ Битола со дефиле на Широк Сокак и промоција на Прирачник за пристапен туризам
- Денес 32. седница на Советот на Општина Битола, на дневен ред 46 точки, за кофинансирање, програми, вработувања, извештаи,
- Во Битола сончево со мала локална облачност, температурата до 25 степени
- Васко Мамучевски апсолутен победник на “Паљо Класик Опен“, Мери Акиевска победник во женска конкуренција во Битола (мегафотогалерија)
- Марија Додовска, 10 години “М ЕВЕНТ“: се сеќавам на почетоците… возбуда, трема, пеперутки во стомакот (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Васко Мамучевски апсолутен победник на “Паљо Класик Опен“, Мери Акиевска победник во женска конкуренција во Битола (мегафотогалерија)
- Тимот на X-fit Bitola од Битола прв во екипна конкуренција на мешан штафетен маратон “WizzAir-Скопје“
- Се е подготвено за вечерашниот “Паљо Класик Опен“ во Битола (фото)
- Еурофарм Пелистер како на тренинг во Неготино, “двојката“ поразена во Охрид
- Пелистер прокнижа три бода во Неготино за второ место на табелата