Press "Enter" to skip to content

Ново признание за судискиот пар од Битола, браќата Илиевски ќе судат на Медитерански игри

Деновиве за нашиот судиски ракометен пар дојде уште една убава вест. Судиски пар од Битола, браќата близнаци Методија и Михајло Илиевски на Медитеранските игри во Алжир, ќе делат правда на ракометниот турнир, од 28 јуни до 6 јули.

Браќата Илиевски се носители  на титулата меѓународни ракометну судии, а ја делеа ракометната правда на ЕХФ шампионат,  женски квалификации, младинско светско и натпревари од европските купови.