Во рамките на културното лето во Битола, синоќа во Офицерскиот дом се слушнаа прекрасните битолски приказни кои низ годините извирале и се раскажувале низ градските сокаци, преку прекрасни композиции беа пренесени пред битолската публика на концертот на Марко Виденовиќ – септет. Битола, како главна инспирација за творештво беше претставена низ програмските композиции „Bitola stories“, „Безистен“, „Рингишпил“, „The town is dead“, „Лечебна“, „Old bazar“, „Драгор“, „Понекогаш на тебе помислувам“, „Around the town“, „Кленовец“.Композициите се инспирирани од детството на Виденовиќ, како и неговите подоцнежни години, поминати во Битола.
Септетот кој како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, одржа концерт во Офицерскиот дом го сочинуваат професионални музичари кои се редовни членови при Македонската филхармонија и Македонската опера и балет и тоа: Марија Јакимовска – флејта и алт флејта, Владимир Лазаревски – обоа и англиски рог, Игор Бакревски – кларинет и бас кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Кристијан Кожумановски – контрабас, Благоја Антовски – тапани и Марко Виденовиќ – виола и пијано.
Како специјален гостин на концертот настапи Никола Ристевски на бас тромбон.

“Битолски приказни“ на концертот на Марко Виденовиќ – Септет (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- До пристапност со универзален дизајн: МОБИЛНОСТ Битола со дефиле на Широк Сокак и промоција на Прирачник за пристапен туризам
- Денес 32. седница на Советот на Општина Битола, на дневен ред 46 точки, за кофинансирање, програми, вработувања, извештаи,
- Во Битола сончево со мала локална облачност, температурата до 25 степени
- Васко Мамучевски апсолутен победник на “Паљо Класик Опен“, Мери Акиевска победник во женска конкуренција во Битола (мегафотогалерија)
- Марија Додовска, 10 години “М ЕВЕНТ“: се сеќавам на почетоците… возбуда, трема, пеперутки во стомакот (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Црвен тепих, доделување награди, проекција на филмот “Лена и Владимир“ за крај на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола (мега фотогалерија)
- Работилница на Жан-Мари Дружу: многу од сцените во „Нотр дам гори“ се снимени во студио
- Со доделување награди и специјална златна “Камера 300“ завршува фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола
- Киноприкажувачите потпишаа Меморандум за вмрежување: Да ја вратиме публиката и да создаваме и едуцираме нова
- Франц Лустиг, кинематограферот на „Совршени денови“ од Битола: Со Вим Вендерс ги прикажуваме градовите онакви какви што се во моментот, на тој начин ги зачувуваме