Press "Enter" to skip to content

Замрзнатиот Петко и “5+ фамилија“ со прекрасна забава за најмладата публика (фотогалерија + видео)

Радост, песна, музика и игра го исполни платото пред Офицерскиот дом во Битола, каде многубројната публика се забавуваше заедно со Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија.Големата забава на “Сладоленд, најмногу ги разигра најмладите низ прекрасното музичко – сценско доживување, кое истовремено имаше и еколошко едукативен карактер фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата.Оваа е тема за која младите постојано мора да се едуцираат.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој овозможи поддршка на организаторите со цел еден ваков прекрасен настан, за првпат да биде реализиран во Битола.