Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад, приведување на битолчанка за агресивно однесување кон полиција, 50 возачи возеле пребрзо

На 23.06.2022 во СВР Битола, И.М. 31 годишник од Битола пријавил дека на ул. „Партизанска“ во Битола бил физички нападнат од 28 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.06.2022 на ракометното игралиште во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ја лишиле од слобода 46 годишната од Битола затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници кои извршувале слежбени дејствија. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 50 возачи, од кои 15 санкции се изречени на територија на Битола, 23 санкциии на територија на Ресен , 8 во Прилеп  и 4 во Македонски Брод. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »