Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 723 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 7.
Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од Битола се 5.
До сега во Битола има 15.764 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 33 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола 30 тестови преку ЦЈЗ Битола 23 и преку “Плодност“ 7.
Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.