Вчеравечер во Офицерски во Битола беше промовирана книгата „НАДВОР ОД ВРЕМЕТО“ на Лили Бошевска со песни инспирирани од делата на светски познатиот уметник Виктор Мануел Хернандез Кастиљо од Мексико, кој беше гостин на промоцијата со своја изложба.-При првата средба со неговите дела зачекорив во светот на Виктор Мануел, ми поитаа стихови кои ја создадоа првата песна. Љубопитноста и силината на доживувањето ме одведоа во потрага по нови, за мене неоткриени светови кои ми ја отворија имагинацијата” – рече авторката Лили Бошевска.
Овој поетско-ликовен настан е организиран во рамките на Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ на која деновиве творат ликовни уметници од Виетнам, Мексико, Естонија, Романија, Кина, Србија, Бугарија и Македонија.
За утре е најавен настанот, „Ден на уметноста“, во чест на Благоја Стефановски-Баге, еден од бардовите на македонската култура што ќе се реализира на една посебно избрана локација – мало село Ротино.

Во рамките на меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“ промоција на книгата Надвор од времето
More from ВестиMore posts in Вести »
- Четворица планинари од Битола “освоија“ три врвови над 4.000 метри во Италија (фото)
- “Leitz“ го носи кинематографот Антоан Хеберле во Битола
- Битолчанецот Вангел Алтипармаковски промовиран во нов тренер на Ховд Вестерн во Монголија
- За три дена во Битола 75 нови позитивни на ковид-19, оздравени 98, активни 251 случаи
- Тунискиот репрезентативец, левиот бек, Мохамед Суси, ново засилување во Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- “Leitz“ го носи кинематографот Антоан Хеберле во Битола
- Импов групата “Настап“ ги изнасмеа битолчани (фотогалерија)
- Вечер на “Бит фест“ театарски игри во форма на забавно шоу, настап на Импров група “Настап“
- Музиката раскажуваше приказни на концертот на двете битолчанки Татјана и Билјана (фотогалерија)
- Денес на “Бит фест“: концерт на две битолчанки, дуо пијано, “Музиката раскажува приказни“