Press "Enter" to skip to content

Децата од “Smart Kids“ гости на библиотеката “Св. Климент Охридски“

НУУБ “Св. Климет Охридски“  беше домаќин на децата кои го посетуваат едукативниот центар во Битола, “Smart Kids“ со своите наставнички Маја Јовановска и Елена Дуле Димитровска. Посета на библиотеката ја започнаа со забавна прошетка низ библиотеката, а потоа сите заедно уживаа во поезијата за деца која ни ја читаа Атанасиј, Андреј, Марко, Михаил, Јана, Филип и Андреј.За крај библиотекарката им прочита една прекрасна поучна сликовница со наслов „Денеска ти нема да играш“ од која научивме дека не треба да им наредуваме и да измислуваме работи за нашите другарчиња. Бидејќи тој што прави лошо, на крај лошото му се враќа.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »