Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: санкционирани возачи на моторцикли и велосипедисти, 26 возачи возеле пребрзо

На 23.06.2022 година во времето од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти при што биле откриени и санкционирани 50 прекршоци. Исто така, биле откриени и санкционирани 14 прекршоци направени од возачи на велосипеди. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  14 мерки против возачи на велосипеди.

На 23.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 26 возачи, од кои 5 санкции се изречени на територија на Битола, 8 на територија на Ресен, 7 во Прилеп, 4 во Демир Хисар и 2 во Крушево.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.