Во рамките на “Битола отворен град“ и “Битфест“ синоќа во дворот на МКЦ Битола, бепе промовирана книгата “ВО ДИЈАЛОГ, Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021)“ чии промотори беа Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Јанчевски.

Во книгата „Во дијалог“, Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021) се поместени сублимираните транскрипти од презентациите и разговорите со десет македонски визуелни уметници, пет видео уметници од Македонија и регионот и пет македонски дизајнери.

Фото: Дамјана