Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: ехо на бубрежните цисти

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за ехо на бубрежните цисти, за што вели:

-Бубрежните цисти се торбовидни проширувања исполнети со течност можат да бидат солитарни или мултипли, унилатерални или билатерални вродени или стекнати кои се оформуваат од бубрежните канали кога ќе достигнат определена големина и се оделуваат од нив. Единичните цисти на бубрегот кои се  најчесто се бенигни кога имаат овална форма, јасни граници и анехогеност најчесто случаен наод при ехо на уринарен тракт, клинички најчесто асимптоматски во поретки случаи со хематурија, болки од компресија на соседни органи, колики итн.   Адултна полицистична болест на бубрезите која се пренесува наследно автозомно доминантно и се карактеризира  со цисти на бубрегот по должина на целиот нефрон  како и цисти на хепар,панкреас и тестиси, хипертензија,кранијални анеуризми кај која има често развивање на хронична бубрежна слабост и крварење од кранијални анеуризми.       

Медуларен сунѓерест бубрег и медуларната цистична болест се други вродени заболувања кај кои има зафаќање на неколку собирни канали од медулата на бубрегот и мултипли цисти во медулата со нарушување на концентрациона и ацидификациона способност на бубрезите, клинички презентирани со хематурија, хипертензија, колики, нефролитијаза па се до хронична бубрежна слабост и потреба од хемодијализа!