Во текот на изминатата вечер (25/26.06.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 43 возачи.
Од нив 13 санкции се на подрачјето на Битола, 10 Прилеп, 14 Ресен и 6 санкции на подрачје на Македонски Брод.
При тоа 31 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.