Press "Enter" to skip to content

Голманот Филип Ивановски се “сели“ од Битола, потпиша за екипата на Бутел Скопје

Голманот на Еурофарм Пелистер, Филип Ивановски е нов голман на Бутел Скопје, откако денес го стави потписот на договорот со важност од една година, со можност плус уште една сезона.

-Раководоството и стручниот штаб имаат сериозен и професионален пристап кој дава големи резултати, па Бутел секоја година се повеќе расте и се развива и станува клучен фактор во македонскиот ракомет. Со доаѓањето и играњето во овој клуб очекувам да ги покажам и надградам своите квалитети и заедно како колектив да напредуваме уште повеќе. Што се однесува до македонското првенство очекувам борба за врвот , а со тоа повторно излез на европска сцена, додека што се однесува до европските натпревари со добра ждрепка и малку среќа мислам дека можеме и до групна фаза, вели Ивановски, а е објавено на официјалната страна на РК Бутел Скопје.

Ивановски е дете на Пелистер, поранешен младински репрезентативец, а бранеше и за Вардар, Металург и Охрид.

Фото: РК Бутел

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »