Министерот за здравство, д-р Беким Сали денес го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, каде е ставена во функција нова сензорна соба – прва од ваков тип во овој регион и опремена со најсовремена опрема согласно стандардите во оваа област.
Инвестицијата е во вредност од 3.7 милиони денари, од кои околу 3.5 милиони се инвестирани во најсовремена опрема, а останатите средства за адаптација на просторот.
-Ова е навистина значајна инвестиција што придонесува за поуспешна, а пред се и поолеснета рехабилитација на децата со сензорна дезинтеграција, истакна министерот Сали.
Директорката на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, Дивна Живодариќ – Најдовска на гостите им зборуваше за историјата на Заводот кој има 55 години традиција, а моментално тука се лекуваат околу 300 деца, а сите тие ќе ја користат сензорна соба, која ќе им помогне многу во лекувањето.
Најдовска им додели благодарници на Министерот и неговиот заменик Владимир Рендевски, како и на Стопанската комора на Македонија и Клиничка болница од Битола.

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола ставена во функција нова сензорна соба – прва од ваков тип (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно, температурата до 9 степени
- УКЛО КОЛОРС повик – Летна школа во Шведска за зелена и дигитална транзиција
- Општина Битола и “Нискоградба“ со апликацијата „Битола-Зимска служба“ – во реално време каде интервенира механизацијата
- Топ-засилување во Битола – Брендан Џенкинс, бек-поентер, потпиша Пелистер
- СВР Битола: пријава за физички напад врз малолетник, опожарен “опел“





