На Собрание на кугларската федерација на Македонија која се одржа во Скопје, во кугларницата “Мусандра“ делегатите со верифицирани мандати од сите клубови за нов преседател го избраа Игор Михајловски од кугларскиот клуб Пелистер од Битола.
-Застанувам на чело на Кугларската Федерација со два исклучително силни ликови како потпретседатели од кои очекувам огромна помош во реализирањето на поставените цели кои се превисоки за македонски стандарди. Дали ќе успееме, ќе видиме, но јас верувам длабоко дека можиме. Благодарам на сите присутни делегати за поддршката, напиша Мухајловски на својот ФБ профил по изборот на новата функција.