Синоќа во фоајето на Центараот за култура во Битола отворена концептуалната изложба АЛГА која претставува симбиоза помеѓу современиот моден дизајн на брендот LOM Label, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика на една селектирана група на ДЏ артисти од Битола со едноставна мисија, да се промовираат локалните уметници и нивното ново создавање со еко порака која е повеќеслојна.
Имено, за модната колекција на LOM Label се употребени природни и алтернативни материјали. Посветено е посебно внимание кон кроењето при изработката на модните парчиња да се создаде минимален отпад, а остатоците од материјали се реупотребуваат за да се изработи ново парче облека или моден додаток.
Овој моден бренд позади кој стои модната дизајнерка Марта Дојчиновска, овој пат се враќа кон нејзината публика со колекција која е составена од фузија на органски, флуидни, нежни и геометриски форми инспирирани од алгите.
И тој лајтмотив е исто така тема на уметничките дела на Драган Милованов-познат графити уметник со изразен личен печат во она што го созадава. Неговите дела ја раскажуваат љубовта кон природата, зачувувањето на зелените површини, графитите, уличната уметност, сѐ заедно претопено на уметничко платно со уникатен стил на изразување и силна порака за грижа кон животната средина.
“Фокус на АЛГА се организмите алги, флуидните форми како и варијациите на бои кои што алгите ги имаат, нивните бенефити за животната средина и еко-системот, како и нивниот опстанок во секое годишно време.
Од транспарентна бела, сива, свежо зелена па се до црна…бојата и формите на алгата се провлекуваат низ модната колекцијата и ќе се главен двигател и низ уметничките дела”- истакнуваат авторите на изложбата.
Изложбата трае до понеделник, а на овој четиридневен модно-уметнички и музички перформанс свои сетови ќе имат DJ Dejan Dex, Herzel и Chiko. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

АЛГА – мода, графити уметност и електронска музика на една изложба во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчанец со “киа“ возел со 1,92 промили алкохол во крвта, веднаш бил приведен
- Бабарите во некрстените денови во Битола ги бркаат ѓаолите, вештерките и караконџолите (фото)
- Велчо Петровски – Папал: по 50 години заедно “вртење“ на парето, Василица без мазник е само датум, Василица без друштво е пораз
- Изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ ќе биде поставена до крајот на јаниари во Завод и музеј Битола
- Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола ќе судат дерби на Европкското во Данска
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ ќе биде поставена до крајот на јаниари во Завод и музеј Битола
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Зимска приказна во Битола на осум локации, 200 часа програма, 67 бендови и над 20 соло изведувачи…
- Ана Талевска од Битола со инструменталната оркестарска верзија на “Рождество Твое, Христе Боже наш“
- Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)









