Press "Enter" to skip to content

Убука во виртуелна реалност за развој на претриемачки вештини во Битола (фото)

Денес,  во просториите на Младински Центар – Млади Хаб во Битола се одржа првата обука во виртуелна реалност за развој на претприемачки вештини. Обуката се реализира во рамките на проектот: „Развој на претприемачки вештини кај млади од ранливи категории со примена на виртуелна реалност“, дел од мрежата “WB&T for EmploYouth”, финансиран од European Union и имплементиран од Fondacija Ana i Vlade Divac (Serbia), NGO Prima Association Prima (Montenegro), Youth Alliance Krusevo (North Macedonia), Partners Albania for Change and Development, Community Volunteers Foundation (Turkey).Здружението за европска интеграција ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА од Битола во соработка со компанијата за информатичка технологија Cythero- Битола, организираа обука во виртуелна реалност со цел промоција на концептот „учење преку правење“ (Learning by doing), обезбедувајќи развој на претприемачките вештини преку виртуелна реалност во иновативна и инклузивна средина за учење.  Развојот на претприемачки вештини преку примена на виртуелна реалност претставува техношка иновација и иновација во процесот, што овозможува осовременување на процесот на стекнување на знаење. Проектот во основа ги користи промените како можност за реализација на активности кои се однесуваат на примена на ИКТ технологијата во процесот на стекнување на знаење.Целите на проектот вклучуваат: примена на целен пристап при развој на претприемачките вештини кај младите луѓе во ранливи категории во Пелагонискиот регион, примена на технологија со виртуелна реалност во развој на претприемачкиот мисловен сет кај младите младите луѓе во ранливи категории во Пелагонискиот регион.  На обуката присуствуваја 20 млади луѓе, кои имаа можност заедно со тимот на Cythero да се обучуваат во виртуелна реалност. Проф. д-р Никола Рендевски одржа воведно и инспиративно предавање за виртуелната реалност, што предизвика голем интерес кај присутните.Целта на проектот е да се истакне потребата од негување на претприемачкиот начин на размислување кај младите, имајќи предвид дека сетот на знаења, вештини и компетенции кои се бараат на пазарот на труд станува сè поширок и поширок. Ваквиот асертивен пристап кон претприемништвото во голема мера може да им помогне на младите луѓе да најдат работа, да ги направи повеќе склони кон преземање деловни иницијативи.