Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на КОВИД-19, во Битола се 14.
Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од Битола се 7.
Во Битола до сега има 15.868 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 78 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно
Направени се 953 тестови преку ЦЈЗ Битола 41 и преку “Плодност“ 5.
Досега во земјата се направени вкупно 2.086.592 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.060, бројот на оздравени пациенти е 304.460, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.273.