Синоќа во рамките на програмата на “Бит фест“ на сцената на Народниот театар од Битола беше одиграна претставата “Народен непријател“, во изведба на Македонскиот народен театар, а вљубениците во театарот од Битола беа во голем број.
„Народен непријател“, драмата која се одигра во Битола, е во пет чина од Хенрик Ибзен, прв пат е објавена на 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма – „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството.
За претставата „Народен непријател“, драматургот на претставата Тамара Барачков, вели:
-Да се каже денес дека некој класик на драмската литература е актуелен, звучи општо кажано. Но, кога ќе го погледнеме драмскиот текст на Хенрик Ибзен „Народен непријател“ (напишан во 1882 година) фасцинантно е колку допирни точки гледаме меѓу општеството во кое живееме и она кое се врти против доктор Стокман. Во случајот, во оваа претстава актуализацијата, пред се, подразбира изострување на контекстот од каде што ја читаме драмата, без посебни интервенции во самиот текст, кој најмногу останува во својата изворна форма. Драмата совршено кореспондира и со кризата со која нашето општество повторно се соочува — преку исклучувањето на доктор Стокман од заедницата, Ибзен вешто го разоткрива општествениот конформизам и политичкото користољубие, покажува механизам со кој секој поединец што прави обид да зборува за системска неправда, автоматски го карактеризира како предавнички и заговорнички.
Во исто време, „страдањето“ на докторот е последица на неговиот стремеж да укаже на проблемот со загадената вода, што — во светлото на локалната свест за важноста на зачувувањето на животната средина — ја прави драмата на Ибзен уште поинтригантна за читање и поставување. “Народен непријател“ отвора и важна дилема и во актуелните еколошки борби — како да се третира нешто што од една страна е извор на загадување и зараза, а од друга, главен (честопати единствен) извор на приход за поголемиот дел од населението во тој крај? Доктор Стокман е парадигма на современиот ангажиран маж, но тој е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека моменталното жртвување е неопходно, без разлика колку е тоа болно.
Големо прашање е како денес да се прочита и да се толкува крајот на претставата. Во време кога, често, системот успева да го сомеле и да го совлада поединецот, предизвик е да се направи возможен и убедлив Стокмановиот оптимизам и одлуката да остане, но подеднакво важно е и прецизно да се дефинира (следната) цел и да се конкретизира полето за понатамошната борба на овој Ибзенов херој“.
Во претставата играа Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.
Инаку, премиерната изведба на претставата беше во мај годинава, а истата е добитник на четири големи наградни признанија на МТФ “Војдан Чернодрински“ и тоа за: наградата за уметничко остварување, наградата за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, наградата за сценографија за сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда за рекламен материјал на Димитар Димитров. Режисер на претставата е Нина Николиќ.

Синоќа на “Бит фест“, театарска претстава “Народен непријател“, во изведба на МНТ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Годинава најдолгите „Илинденски денови“, 56. издание од 14 до 31 јули во Битола
- СВР Битола: приведен возач возел со 1.78, промили алкохол, приведување за нарушување на ред и мир, тешко повреден млад возач на мопед
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево, температурата до 32 степени.
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Годинава најдолгите „Илинденски денови“, 56. издание од 14 до 31 јули во Битола
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- “Етеричен хербариум“ – изложба на Лидија Стефановска во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- Проекции на два филма во чест на Тони Наумовски од Битола на фестивалот “Преку езерото“
- “Ехо од Хераклеја“ концерт на Миле Кузмановски и Камерен оркестар








