Денеска (10.04.2022) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи. Од нив 48 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 08.07.2022 во 23.00 часот во Полициска станица Битола, С.Е. (32) од Битола пријавил дека на 07.07.2022 околу 21.00 часот во угостителски објект во Битола, по претходна расправија, бил физички нападнат од 39 годишни лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.