Ева Трпеновска и Анастасија Ристевска, одбојкарки на Пелистер Волеј од Битола како дел од кадетската репрезентација на Македонија одиграа одличен натпревар во кој македоската селекција во Врање, Србија во рамките на Балканијадата ја победија екипата на Молдавија со 3:0, по сетови, 25:20, 25:14 и 25:21.
За истакнување е што Ева Трпеновска, од Пелистер Волеј од Битола, беше лидер со најмногу освоени поени (13), додека Анастасија Ристевска освои 5 поени и имаше огромен допринос за денешната победа.
Македонија утре игра натпревар за 5 место против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, па на сите девојки и стручниот штаб им посакуваме уште една нова победа.