Со денешното асфалтирање на улицата „Цане Василев“ во Битола, се финализира проектот за реконструкција на оваа улица.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на работните активности на терен, каде се сретна со дел од жителите на оваа улица, кои ја потврдија неопходноста од подобрувањето на инфраструктурните услови во овој дел на градот.Градоначалникот Коњановски, информираше дека улицата „Цане Василев“ е 12 улица од предвидените 23 за реконструкција оваа година.
Исто така во тек се и работни активности за реконструкција на 4 други улици, а локалната самоуправа веќе изготвува проектна документација и за улиците кои ќе се реконструираат во Битола, идната градежна сезона.