Здружение „Европско граѓанство – Акција“ од Битола во партнерство со EGINA SRL од Фолињо, Италија, го реализираа Еразмус проектот „Европско граѓанство – развивање на капацитети“. Мобилноста се одржа во Фолињо и Монтефалко, во периодот од 28 јуни до 5 јули 2022.
Претставничките на оваа организација – Билјана Бејковска, Даниела Јовановска и Ленче Стефановска – имаа можност да ги развиваат своите капацитети за подобро учество во демократските процеси во заедницата. Мобилноста беше структурирана како серија од еднодневни работилници, како и активно учество на Social Hackathon Umbria 2022 (SHU2022).
Во четирите дена, колку што траеше Social Hackathon Umbria 2022, се реализираа работилници, изложби и лаборатории и беше посетен од 180 учесници од цела Европа. За неговата уникатност придонесе и Монтефалко, местото каде се реализираа активностите, познат уште како град на виното и маслинките.
Додека траеја тренинзите, паралелно се отвори и за идеи на четири тематски подрачја, поврзани со пристапноста: физичка, когнитивна, дигитална и економска. Идеите беа развивани од тимови, а ги оценуваше меѓународно жири.
Претставничките од Битола работеа со наставнички од Италија, Грција и Словачка и заедно развиваа идеја за веб страница „OPEN DATA“, која би била корисна за ученици и наставници од средните училишта. Податоците на оваа веб страница ќе се засноваат на факти и податоци од истражувања, спроведени од наставници, со можност за редовно надополнување. За нивниот труд добија и признание за најдобра дигитална иновативност.

“Европско граѓанство – Акција“ од Битола реализира Еразмус проект во Италија
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: 23 годишна прилепчанка физички нападната во Битола
- Иван Куковски е нов координатор на РЕК “Битола“
- Активирана зимската служба – се чистат улиците во Битола од 3:30 часот
- ЈП “Комуналец“: се расчистуваат пристапните патеки за пешаците
- Во Битола облачно со повремен снег, температурата до 1 степен





