На 11.07.2022 на место викано „Сива Вода“ кај археолошкиот локалитет Хераклеа, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола лишиле од слобода едно лице од Скопје на 34 години, и две лица од Битола на 30 и 29 години, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.07.2022 на место викано Стара Болница во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.07.2022 во Полициското Одделение Велушина, З.Т. (37) од Битола пријавил дека на патот над село Олевени, во место викано „Кај трите црквичиња“, неговиот татко пронашол артилериска неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 105 мм од Првата светска војна.
На 11.07.2022 на бул. „1-ви Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода 34 годишно лице од Битола затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против неа ќе следи соодветна пријава.
На 11.07.2022 во СВР Битола било пријавено дека во напуштен објект во кругот на поранешната касарна на ул. „Партизанска” во Битола повеќе лица недолично се однесувале и го нарушувале јавниот ред и мир со карање и викање. Полициски службеници излегле на местото ги затекнале две лица од Кавдарци и Велес на возраст од 41 и 51 година. По документирање на случајот против двајцата ќе следува соодветен поднесок.
На 11.07.2022 во СВР Битола, П.Ц. (53) од с.Дихово, битолско, пријавил дека во неговата куќа во селото настанал пожар во кујната, кој сам се изгаснал. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а повредени лица нема.
На 11.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 23 возачи, од кои по 3 санкции се изречени на територија на Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод и 11 санкциии на територија на Ресен. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.