Синдикатот на РЕК Битола ќе му помогне на нашиот член и колега, Сребрин Поповски во обновување на неговата куќа која изгоре во пожар на 1 јули.
Управниот одбор на Синдикатот одлучи да му додели на Сребрин 50.000 денари неповратна финансиска помош, а ќе му обебзеди и неколку апарати за домаќинство. Солидарноста со нашите членови е прва и основна задача на Синдикатот. Ќе помогнеме секому и секаде, согласно можностите и околностите.
Со надеж дека во иднина ќе нема случаи во кои ќе треба да помогнеме за намалување на болката или последиците од немили настани, на Сребрин и семејството му посакуваме што побрзо обновување на куќата.