Press "Enter" to skip to content

Реконструкција на мешовита канализација и асфалтирање на “Стара чешма“ во Г. Оризари

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈКП “Водовод“, Пеце Милевски, денес извршија увид на текот на работните активности на улицата “Стара чешма“, во населбата Горно Оризари.

На оваа улица во тек е реконструкција на мешовита канализација, а работите на два краци од улицата ги реализира КЈП “Нискоградба“.

По завршувањето на реконструкцијата на мешовитата канализација, ќе следува асфалтирање, со што овој дел на улица „Стара чешма“, за првпат ќе добие асфалт.