На 15.07.2022 на ул. „Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп. полициски службеници од СВР Битола–ОВР Прилеп ги лишиле од слобода две лица, едно од Битола на возраст од 46 и друго лице на возраст од 48 години од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.07.2022 во СВР Битола, М.М. (31) од Битола пријавила дека на ул. “Караорман“ во Битола била касната од куче скитник.
На 14.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 43 возачи, од кои 25 санкции изречени во населено мести и 18 санкции надвор од населено место.