Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за ехо на акутен Бенигна Хиперплазија на простата, за што вели:-Простатата претставува мускулно жлездест орган кај мажите кој го опфаќа почетниот дел од уретрата и е значаен за создавање на простатен секрет чија алкалност е битна за фертилноста на сперматозоидите,расположена е под мочниот меур пред ректумот.
Покрај карциномот, бенигната хиперплазија на простата е најчесто заболување кај машката популација над 50 годишна возраст. Се смета дека етиолошки покрај хормоналниот дизбаланс на тестостеронот, генетиката и начин на живот се најбитни во развивање на хиперплазијата поточно зголемување на ткивото на простатата.Клинички симптомите на БХП се карактеризираат со чести ноќни мокрења, недоизмокреност, тенок млаз на урина, болки супрапубични итн. Покрај ректално туше, испитување на PSA, КТ, ултрасонографијата или ехо на уринарен тракт е најточно во дијагноза на бенигна хиперплазија на простата на кое се проценува хомогеност на паренхим, форма, волумен на простатен секрет кој нормално изнесува до мах. 35 ml.
Со ехо на уринарен тракт простата се прикажува како хиперехогена овален орган со форма на лешник и должината на простата е до 55 мм ширина 35 мм и напречен дијаметар до 35 мм, јасни граници и интактна капсула.
Лекувањето на бенигната хиперплазија на простата е најчесто медикаментозно, а во потешки случаи и класично оперативно како и примена на TURP метода.