Press "Enter" to skip to content

19 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола 

На 15.07.2022 во периодот од 21.00 до 24.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 19 возачи.

Од нив 7 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.