
-Пред десет години центарот на Битола, на плоштадот “Магнолија“ се претвори во големо филмско студио и се иизгради “нова улица“ од “филмски материјали“, за потребите за снимање на филмот на Столе Попов, “До Балчак – Приказна од Дивиот Исток“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Улица ги покри споменикот на Филип Втори, фонтаната, а битолчани за прв пат имаа прилика да гледаат како се гради и како финкционира “филмска улица“ на отворено, со екипа од околу 200 лица, што е сериозна бројка за реализација на еден ваков филмски проект, вели Миновски.











