Повеќе од 5000 публика на ракометно игралиште во Битола на концертот на еден од моментално најпопуларните поп – фолк пејачи Ацо Пејовиќ. Публика од различна возраст во еден глас ги пееше неговите хитови. На концертот доминираше женскиот пол, обожавателки чиј миленик е харизматичниот Ацо Пејовиќ.На концертот во Битола Ацо Пејовиќ многу професионално, достоинствено, со харизма на голем изеведувач се претстави пред повеќе илјадната публика. Ацо Пејовиќ ја пренесе својата енергија и емоции до целата публика, но посебно внимание обрна кон женскиот дел и кон најмалите кои присуствуваа на концертот.
Ацо Пејовиќ повеќе од 3 часа ги пееше своите хитови само кратко обраќајќи се кон публиката на многу спонтан начин. Започна со “За Лилјану“ балада од Тома Здравковиќ која маестрално ја изведува. Зa потоа да се редат хитовите “Да си ту“, “Све ти дугујем“, “Сети ме се једног дана“, “Нема те нема“, “Опуштено“, “Неверна“, “Јелена“, “Литар крви“, “Спаваш ли“, “Нисам пао“…
Големиот хит “Поноч је“ од филмот “Тома“ ја отпеа два пати во еден глас заедно со публикага, а Ацо Пејовиќ ја испочитува македонската публиката и ја отпеа “Македонско девојче“.Неговите хитови ги пееја и снимаа од најмали, тинејџери, млади, средна и повозрасна генерација… со што атмосфера која ретко може да се види на концерт.
Концертот во организација на “Balkan media“, високо професионален со врвни музичари, звук, светло. На почетокот пред настапот на Ацо Пејовиќ атмосферата ја загреа мкедонската поп пејачка Ивона Јо. На крајот од својот настап таа направи селфи воодушевена од публиката и атмосферата на концертот.
Ацо Пејовиќ е српски поп-фолк пејач со успешна 20 годишна кариера. Својот прв албум го издал за Best Records 2000 година. Од тогаш се редат хитовите: „Превара“, „Опуштено“, „У мојим венама“…миленик на женскиот дел публика. Со хитовите од филмот „Тома“ „Поноч је“ и „За Лилјану“ неговата популарност е во подем и стана миленик и на новите генерации. Моментално е еден од најбараните поп фолк пејачи на Балканот.
Интересен факт е што на концертот „падна Интернетот“. Атмосферата на концертот не се опишува со зборови, само оние кои беа синоќа на ракометното игралиште во Битола, ја почуствуваа. Фотографиите од нашиот фотообјектив можат само да ја доловат, но зборуваат повеќе од горенапишаниот текст.
Жанета Ристевска