Press "Enter" to skip to content

Битола добива прв фестивал посветен на етно филмови во рамките на Илинденски денови

Вечер во Битола започнува првото издание на “Интернационалниот етнографски филмски фестивал“ со кој започнуваат годинашните 52. “Илинденски денови“. Центарот за култура во Битола е и организатор и домаќин на овој прв фестивал од ваков тип кај нас посветен на широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражување на традиционалното, но и модерниот начин на живот на заедниците во кои живееле и живеат луѓето, нудејќи разновидни увиди и методологии на работа на тимови од цел свет на такви филмови.

Фестивалот ќе трае до 23 јули, а селектор на овој филмски фестивал е Тони Гламчевски, новинар од Франција кој со својата сопруга Блондин, таму организира свој фестивал и за оваа прва година направи е избор на 11 филмови, од кои 6 се долгометражни.

Селектираните филмови опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти. Мисијата на овој Интернационален етнографски филмски фестивал е да ги охрабрува истражувачките и создавачки пристапи во етнографските филмови, да ја едуцира публиката за богатството и разновидноста на локалните културни традиции, но и да го буди гласот на совеста кај проблемите на современите општества предизвикани од недоволната грижа за културното наследство. Влезот за сите проекции ќе биде слободен.

Организаторот ја очекува поддршката на публиката на овој прв “Интернационален етнографски филмски фестивал“ кој ќе биде нова традиција на градот Битола, кој има и филмска историја, но и иднина кога станува збор за квалитетни културни настани.

Денес, понеделни на Интернационален етнографски филмски фестивал “Илинденски денови“ Битола е свеченото отворање во Големата сала на Центарот за култира во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »