Press "Enter" to skip to content

Во Битола 47 нови позитивни на ковид-19, оздравени 21, активни 235 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 2.043 тестови, а регистрирани се нови 770 случаи на КОВИД-19 од Битола се 47.

Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од Битола се 21.

До сега во Битола има 16.202 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 235 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, нема од Битола.                           

Направени се во Битола 65 тестови преку ЦЈЗ Битола 40 и преку “Плодност“ 25.

Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121.

More from ВестиMore posts in Вести »