Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер денес стартува со сезоната 2022/23, нов договор со шпанскиот бренд “Joma“

РК Еурофарм Пелистер од Битола, ја известува јавноста дека со официјална вечера ги започнува активностите за сезоната 2022/23. На денешната прва средба во Битола ќе бидат присутни сите професионалци во сениорската екипа, со исклучок на Усама Хосни, кој има обврски кон националната репрезентација. Пред вечерата на играчите ќе им се обрати спортскиот директор на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски.

Првиот работен состанок и медицинските тестови се предвидени за в среда наутро, а првиот официјален тренинг ќе се одржи утре попладне од 16:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Клубот утре ќе ги објави сите детали за подготовките, ростерот и плановите во претсезоната.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 своите подготовки ќе ги започне в среда од 18:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Клубот утре ќе ги објави сите детали за подготовките, ростерот и плановите во претсезоната.

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од сезоната 2022/23 партнер за спортска опрема на клубот е шпанскиот бренд “Joma“. Потпишан е договор меѓу двете страни и сите професионалци во сите екипи на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе ја носат опремата “Joma“. Официјалното претставување на новите дресови е предвидено на специјална манифестација во подготвителниот период. Претпродажбата на дресови ќе започне во месец август.

More from СпортMore posts in Спорт »