Press "Enter" to skip to content

Отворено првото издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал во Битола (фотогалерија)

Синоќа во големата сала на Центарот за култура во Битола се отвори првото издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал.

Со првата проекција на филмот “Како ирвас под небесниот свод” започнаа годинашните 52. “Илинденски денови“, кои се одржуваат под мотото “Од корените до цветот“.На свеченото отворање на фестивалот зборуваа селекторот на фестивалот Тони Гламчевски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски.Фестивалот за отворен го прогласи Маја Андоновска – Илијевски, директорка на Центарот за култура од Битола, која рече дека се надева дека овој Фестивал ќе биде нов културен бренд на Битола.Селектор на фестивалот е познатиот македонски новинар кој живее во Франција, Тони Гламчевски и кој заедно со својата сопруга таму организираат фестивал кој ги надмина нивните национални граници.Интернационален етнографски филмски фестивал ќе биде нова традиција на градот Битола, кој има и филмска историја, но и иднина кога станува збор за квалитетни културни настани. Влезот за сите проекции ќе биде слободен.Во следните денови ќе има проекции на вкупно 11 филмови, од кои 6 се долгометражни.Сите следни проекции се во Малата сала на Центарот за култура од 20 часот, а денес битолчани ќе можат да го гледаат краткометражен документарен филм на Диего Беневидес, “Гладниот Лазаро“ и документарен филм на Саглара Турбеева од Русија, “Молокани“.

 
More from КултураMore posts in Култура »