Press "Enter" to skip to content

Вечерна на “Бит фест“ концерт за кларинет, глас и пијано

Вечерва во рамките на програмата на “Бит фест“, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 21.30 часот ќе се одржи концерт за кларинет, глас и пијано со Ристо Ѓоревски (кларинет), Весна Гиновска-Илкова (сопран) и Елена Атанасовска-Ивановска (пијано).

Нивната вечерашна програма ќе биде исполнета со дела од P. Шуман за кларинет и пијано, арија од операта “Gianni Schicchi” од Џ. Пучини, дела од В. А. Моцарт, А. Гргин, Б. Ковач, Ф. Шуберт  и А. Пјацола.

Македонскиот сопран Весна Гиновска Илкова во изминатите две децении е водечки драмски сопран во Македонската опера и балет. Девојката со кадифен глас, која со својата харизма и силна музичка драматичност ја воодушевува публиката.  Елена Атанасовска – Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа, а во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје. Ристо Ѓоревски во своето досегашно искуство, меѓудругите значајни настапи, настапувал и со различни формации, оркестри или солистички во Австрија, Aлбанија, Србија, Словенија, Словачка,Бугарија, Полска, Босна и Херцеговина, Русија, САД, Индонезија, Израел и др. Исто така, три пати настапувал како солист со Македонската Филхармонија и оркестарот на
Македонската опера и балет.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »