Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ја започна новата сезона, прозивка и прв тренинг во Битола (фото)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола утрово со редовните тестови и попладнево со првата тренинг сесија во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ја почнаа новата сезона 2022/23. Попладнево во спортската сала во Битола првиот тренинг го обработија новиот тренер Ларс Валтер и неговиот стручен штаб, кои што работеа со осумнаесет ракометари, а Усама Хосни (настапи на Купот на Африка) ќе се приклучи в понеделник на втората фаза на подготовки во Маврово.На денешната прозивка новиот тренер на битолчани, Ларс Валтер, им ги претстави плановите на своите ракометари и ги најави своите очекувања во новата сезона и рече:-Имаме само еден месец до почетокот на официјалните натпревари. Првиот дуел е против Мешков Брест е на 25 август и немаме многу време. Затоа ќе треба можеби да играме малку повеќе ракомет отколку што тоа нормално го правиме и напорно да работиме на физички план. Ќе биде интересно да видиме како ќе изгледаме за четири недели, бидејќи е краток период, но мислам дека ќе успееме. Досега, тест резултатите се одлични, и почнуваме напорно да работиме.  Ова е наш прв тренинг со топка, но од тоа што го видов, видео записите и натпреварите, мислам дека имаме добар тим. Се работи се добри личности, два дена сме заедно и мислам дека “дишеме“ добра работна атмосфера. Луѓето сакаат да работат и оптимист сум за тоа што ни следи. Не исклучувам можност за уште некое засилување летово.Претседателот Стерјев го следеше првиот тренинг и ги ги охрабри ракометарите, им посака среќа и успех во сезоната која официјално почнува во Битола. Стручен штаб на Еурофарм Пелистер сега го предводи тренерот Ларс Валтер, негов асистент тренер е Божидар Мојсов, тренер на голмани Ице Соколески, кондиционен тренер: Александар Марковски и физиотерапевти се Филип Милевски и Христијан Стојановски.Од Еурофарм Пелистер 2 Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски нови членови на Еурофарм Пелистер. Тие се приклучени кон тимот на Еурофарм Пелистер по две успешни сезони во Еурофарм Пелистер 2. Во овој период тие ги исполнија сите цели, а стигнаа и до репрезентативниот дрес.План на подготовки за јули и август кои ги соопшто Ларсен предвидува почеток на подготовки во Битола, а потоа од 25 јули до 2 август  подготовки во Маврово, каде ќе се одигра и контролен натпревар Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2.Од 16  “пелистерци“ ќе бидат на Струшки ракометен турнир 2022, а веќе 25 август го очекува и првиот меѓународен натпревар од  СЕХА лига (четвртфинале) против Мешков Брест. На 28 август е закажан Суперкуп на Македонија, Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »