Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за ехо на плевра и плеврални изливи, за што вели:
-Плеврата има два серозни листа висцерална и париетална плевра кои ги покриваат белите дробови помеѓу двата листа има мала количина течност која го спречува нивното триење. Кога ќе настани зголемување на течноста помеѓу двете плеврални обвивки како последица на зголемена продукција на течност или намалена реабсорбција преку лимфатичниот систем на париеталната плевра настанува плевралниот излив кој можи да се дијагностицира со РТГ на бели дробови, ехо на бели дробови или КТ.
Има два вида на плеврален излив трансудативен како последица на хронична срцева слабост, цироза и нефротски синдром и ексудативен како последица на малигна афекција на плевра, бронхопнеумонии,