–Битола има многу културни настани, дестина фестивали, се одржуваат многу концерти, изложби, промоции, но нека не ми замерат битолчани кои се години во културата еден од моите најомилени фестивали е “Илинденски денови“, фестивал на народни игри и ора, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој додава:-Сега , кога сме на неколку дена до свеченото отворање на официјалниот дел на “Илинденските денови“ во Битола, а ќе кажам во врска со претходно кажаното, овој фестивал ми е омилен можеби тоа е поради тоа што сум еден од основачите на овој фестивал заедно со Илија Алушевски и Методија Размовски, а 18 години бев и водител на Фестивалот, а секако уште многу години и вршев пренос на Фестивалот на брановите на Радио Битола.
Кога зборува за историјата на фестивалот Миновски споменува и тоа дека првите две години фестивалот се одржуваше во Офицерски дом, а кога интересот се зголеми се донела одлука да се префрли во Ракометното игралиште. Неколку пати кога имало дожд се префрлувале во спортската сала “Младост“.
-Многу е напишано за фестивалот, а секако и мојот новинарски бележник има многу текстови за “Илинеденски денови“, прва запишана информација секоја година е дека се отвора со дефиле со сликата на Гоце Делчев на чело на колоната фолклористи, а кога вршев пренос од дефилето се преслекував, а потоа бев водител, потоа дека се отвора со “Комитското оро“ на КУД “Илинден, а потоа се играорците од Секирник.
-Во оваа моја рубрика на Битолањуз, деновиве пред 10 години, ќе кажам дека пред 10 години во 2011 година се продолжи традицијата, се одржа дефиле по Широк Сокак, се отворија на Ракометно со “Комитското“, потоа беа играорците, Русалиите од Секирник, а потоа се претставија фолклористи од Хрватска, а на крај само ќе посакам успешни фестивалски денови во 2022 година, а со пропратни содржини фестивалот веќе започна.

Деновиве пред 10 години: 42. издание на Илинденски денови, дефиле, “комитско“, Русалии на отворањето (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Битолчани, љубители на мото-крос не мируваат во зима, 135 километри најголем дел по снег на неколку врвови околу Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во јануар 2013 до темел изгоре планинарскиот дом “Копанки“ (фотогалерија)
- Фото вест: Светиот крст во соблекувалната на кошаркарите на Пелистер
- Александар Талевски го извади Светиот крст од осветените води на крстилницата во “Св. Недела“ во Битола (фото+видео)
- Деновиве пред 10 години: Никола Свенчев по трет пат го “фати“ крстот, лани во 2022 му беше четврти пат (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одбележан Св. Атанасиј во манастирот кај Смолево (фотогалерија)
- Правната клиника на Правниот факултет со донација во детското одделение во болницата
- Ларс Валтер и Вилсон Дејвис за поразот од Војводина во 1. коло од СЕХА лигата
- Градоначалникот во посета на биснис секторот, средби во “Ери корпорација“ и “АБЦ Дојчиновски“
- Во Битола променливо облачно, со можни слаби врнежи снег