Press "Enter" to skip to content

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола: од денес до петок втора фаза дезинсекција на сите зелени површини во Општина Битола

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна системска дезинсекција на територијата на Битола, како општа против епидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола го издава следново соопштение:

-Во период од 25.07.2022 (понеделник) до 29.07.2022 (петок), во период од 19:00 – 02:00 часот, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од АДУЛТИЦИДНАТА теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на возрасни форми на комарци.

-Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставена до Општина Битола.

-Третирањето ќе се изведува во вечерните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило, на кое ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло.

-Препарати кои ќе се користат: AQUA K – OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

-Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информира населението како и писмено доставени информации со активности од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Битола до медиумите, здруженија на пчелари, локална самоуправа и останати надлежни институции.

-Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

-За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047/208-100 и 047/208-120.