Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи на КОВИД-19, во Битола се 70.
Регистрирани сe 616 оздравени пациенти од Битола се 48.
До сега во Битола има 16.561 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 364 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, нема од Битола.
Направени се во Битола 83 ковид тестови преку: ЦЈЗ Битола 62 и преку “Плодност“ 21.
Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.